Во прв ред

Концертот на “X Factor” ќе го отвори победникот – Даниел Кајмакоски

И конечно, во сабота 7-ми јуни ќе се случи долго најавуваниот и очекуван концерт на финалистите на најгледаното регионално тв шоу “X Factor Adria”. Концертот за кој што речиси сите зборуваат, ќе се одржи во спортската арена “Борис Трајковски”, а финалистите на големо се подготвуваат да ги изненадат и расположат своите фанови. Честа да го отвори првиот концерт од мноштвото најавени е победникот на ова шоу Даниел Кајмакоски кој подржан од своите фанови и публика ќе ги отпее сите оние веќе отпеани песни на веќе поминатото шоу, а и секако, се она што е ново од него. Тој за веќе закажаниот концерт изјавува:

“На концертот во Скопје, голема чест е за мене што како домаќин ќе можам да ги угостам сите тие талентирани млади луѓе. Ние бевме и во Босна, во Бања Лука и атмосферата секаде беше одлична, но сигурен сум и убеден дека во Скопје во сабота ќе биде феноменално”, изјави тој за македонските медиуми.

Освен победникот Кајмакоски, на концертот во сабота, на сцената ќе настапат и: Александра Брковиќ, Алекса Перовиќ, Лукијан Ивановиќ, Младен Лукиќ, Харис Чато, Тамара Миловановиќ, Маид Хечимовиќ, Маја Новаковиќ, “X2O” (Фифи и Маринела) и бендовите “Доктори” и “4Ју”. Како што не известуваат од продукцијата, комплетна екипа од Белград составена од 33-ца пристигнува во сабота, а исто така, тогаш пристигнува и бендот кој ќе ги прати финалистите во позадина.

Концертот чии почеток е најавен за 21 часот би траел најмалку 120 минути односно 2 часа, додека пак влезот пред самиот концерт ќе биде отворен во 20 часот. Доколку сеуште не сте набавиле влезници истото можете да го направите уште денес и тоа во сите продажни самони на “One”, продажната мрежа на МК Тикетс, билетерата на спортската арена “Борис Трајковски”, Розе – Веро 2… Влезниците се продаваат по следнава цена:

  • Фан-пит – 700 денари
  • Партер – 350 денари
  • Трибини – 400 денари

Ви посакуваме убава забава и секако, се гледаме во сабота.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: