Во прв ред

Концертот на „Меморија“ во Битола одложен за 3-ти септември

Култниот македонски бенд „Меморија“ ќе одржи голем концерт под отворено небо во Битола. После големиот концерт во Скопје, настапот на „Пивофест“ во Прилеп, тие закажаа концерт во Битола за на 31-ви август на Ракометното игралиште. Поради екстремно лошите временски услови, концертот ќе биде одржан во сабота (03.09).

Концертот е дел од програмата на Битолското културно лето, кое всушност се завршува со концертот на „Меморија“. Влезниците се во продажба online на www.kupikartizase.com, продажните места во Битола: Brothers тобако, Бела роза 2 и ЈК травел по цена од 250 денари. Картите купени претходно важат според обележаното.

Можеби ќе ве интересира: