Во прв ред

Kултните „Boy Harsher” доаѓаат во Скопје!

Едно од најголемите имиња на електронската „dark wave” сцена, култните „BOY HARSHER”, доаѓаат во Скопје! На 14-ти мај во Младинскиот културен центар од 22 часот, ќе бидеме сведоци на концерт кој ќе донесе сурова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики. Концертите на американскиот врвен електронски бенд „Boy Harsher” ги нарекуваат спектакли кои не смеат да се пропуштат, затоа што не носат напред во времето.

Оваа вечер ќе настапи и пост-индустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД –  „HIDE”! Парот создава композиции-аудио колажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудио референци од поп-културата. Официјалниот афтерпарти на овој настан ќе се оддржи во клубот „Минус еден” со диџеј сетови на Martchin и Andreas Hz од колективот BTKRSH. Концертот е во организација на „ROTKO Books & Music“, а билетите се достапни во билетарницата на МКЦ и на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира: