Општина Битола ја објави програмата за организираниот дочек на Новата 2020 година на плоштад “Магнолија”. Битолчани на градскиот плоштад ќе слават со локален DJ и бендови, а за пречекот на Нова година ќе пее Зарина Првасевда.
https://www.facebook.com/OpstinaBitola/videos/763523707392638/
Последните неколку години локалната самоуправа издвојува помалку средства за прослава па со тоа и помалку познати артисти настапуваат. Сето тоа резултира со се помал број граѓани кои се одлучуваат новата година да ја прослават на плоштадот. Претходните години на новогодишната прослава настапуваа: Владо Јаневски, Калиопи, Каролина Гочева, Маја Оџаклиевска, Даниел Кајмакоски итн.
