Во саботата 23-ти август беше долго најавуван и конечно на Ваше големо барање со одржа концертот на финалистите од регионалното тв шоу “X Factor”. Алекса Перовиќ и Лукијан Ивановиќ беа момците кои го дрмаа градскиот базен во Штип, кој беше преполн. А како изненадување на концертот кое воопшто не беше најавено беше победникот на “X Factor Adria”, нашиот Даниел Кајмакоски.
Организаторите ја имаа најавено и Тамара Миловановиќ која поради одредени оправдани причини не беше во можност да биде дел од овој голем концерт.
Присутните ја имаа таа ретка привилегија да ги слушнат и видат во живо познатите Алекса, Лукијан и Даниел кои пак освен песните кои ги изведуваа на тв шоуто, пееја и песни кои секако публиката сака да ги чуе. За тоа каква беше адмосферата на саботниот концерт и како се забавуваа штипјани, Ви предлагаме да погледнете од видеото подолу кое нашата екипа го сними и подготви само за Вас.
Веднаш по концертот Лукијан на својот Twitter профил напиша дека сака да се пресели во Македонија. Дали тоа Лукијан одлично си поминал па не сакал да се врати повторно во Србија или пак во меѓувреме запознал некоја убава и лична македонка незнаеме, но тоа времето ќе го покаже.
Подготви: Магдалена Атанасовска
Фото и видео: Анастасија Стаменова
