Во прв ред

Маестралниот Зоран Џорлев наскоро со нов албум

Музика24 дознава дека маестралниот и секогаш одличен виолинист Зоран Џорлев, во среда 15-ти мај во Музејот на Македонската Борба кој што се наоѓа во Скопје, ќе го промовира својот најнов албум “Гласот на виолината”, состевен од 17 инструментални изведби на познати македонски народни песни. На новиот албум се најдоа веќе препознатливите: “Судбо моја”, “Јовано”, “Море сокол пие”, “Бело лице љубам јас”, “Не си го продавај Кољо чифликот”, “Дафино вино”… и многу други.

Освен Џорлев, свој удел на албумот имаше и Дамир Имери кој се погрижи за аранжманите и програмирањето. Освен Имери, на албумот гостуваат и голем број на еминентини музички имиња, а комплетно целиот албум е снимен во студиото на Александар Митевски “Торус”. За дел од овие песни Џорлев веќе има снимено видео спотови кои премиерно ќе бидат прикажани на промоцијата. “Гласот на виолината” ќе биде пуштен во продажба од 15-ти мај, по симболична цена од 150 денари.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: