Во прв ред

„Магија од Вечноста“ – Новогодишно-Божиќен Концерт во Струмица (Фото)

На само неколку дена пред да ја дочекаме Новата 2025 година, СОУ „Јане Сандански“ од Струмица повторно ве поканува на нивниот традиционален Новогодишно-Божиќен концерт. Оваа година, под наслов „Звуци од вечноста“, концертот ќе се одржи во петок, 27 декември, со почеток од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Солистите, хорот и инструменталистите на училиштето ќе ве поведат на музичко патување низ безвременските ремек-дела на најголемите мајстори на класичната музика.

Не пропуштајте можност да уживате во вечер исполнета со емоции, хармонија и блескава уметност. Влезниците по цена од 200 денари ќе бидат достапни наскоро, затоа побрзајте да го обезбедите своето место.

Зачувајте го датумот: 27 декември 2024 година (петок), почеток: 19:00 часот, локација: Центар за култура „Антон Панов“.

Подарете си вечер за паметење!

Можеби ќе ве интересира: