Во организација на “Роса продукција”, под мотото “Сите мои песни” познатиот и популарен македонски фолк пејач Марјан Коцев ќе одржи свој голем солистички концерт во Македонската опера и балет. Како што дознава Музика24, овој двочасовен концерт ќе изобилува со голем број на досегашните хитови на овој познат фолк пејач, а меѓудругото, како ексклузивен гостин на концертот ќе се појави Анета Мицевска и групата Молика кои ќе отпеат неколку песни од својот репертоар.
“Не треба да чекаат уметниците во Македонија 20 години, 25 или 30 години јубилеј. Гледајќи од комшиите како прават концерти не само еден, прават два, три, пет… во годината низ државата. Не мора да се чека некој повод да има”, вели фолк пејачот Марјан Коцев во ексклузивно предконцертно интервју за музичкиот портал Музика24 каде открива за своите нови и идни проекти и се она што е поврзано со концертот кој што претстои. Интервјуто ќе имате прилика да го прочитате во текот на наредните денови.
Инаку, освен Анета и Молика, како пратечки оркестар на концертот ќе биде познатиот “Дрим Тим”. Влезниците се веќе пуштени во продажба по цена од 300 денари. Побрзајте и набавте си ја вашата влезница, бидејќи секој концерт на Марјан Коцев е вистинско и оргинално доживување кое не се повторува. Во продолжение, само накратко да се потсетиме на еден од најголемите хитови на овој познат македонски фолк пејач.
Подготви: Александра Блажевска
