Култниот македонски бенд „Меморија“ најавува голем концерт под отворено небо во Битола. После големиот концерт во Скопје, настапот на „Пивофест“ во Прилеп, тие ќе одржат концерт во Битола на 31-ви август на Ракометното игралиште.
Концертот е дел од програмата на Битолското културно лето, кое всушност се завршува со концертот на „Меморија“. Влезниците веќе се во продажба online на www.kupikartizase.com по цена од 250 денари во првите 15 дена.
