Во прв ред

Метрополис арената на 21-ви декември ќе биде епицентар на најдобрата забава

Кога започнува да владее предновогодишната атмосфера просто може да се избира каде и на каква забава да се оди. Но, оваа дефинитивно ќе е поинаква и побогата од било која друга во Скопје. Штипјани веќе имаа можност да уживаат во неговите хитови… сигурно погодувате, кој друг, ако не легендарниот Харис Џиновиќ. Со ваква најава, овој концерт и не изгледа премногу спектакуларно. Суштината е во тоа што на истата сцена ќе се појават и Амадеус Бенд и ќе ги отпејат нивните најголеми хитови, со тоа времетраењето на овој концерт е пет часа.

Доколку ова е доволен мотив за да присуствувате на оваа незаборавна предновогодишна забава, побрзајте да си набавите влезница. Истата до седми декември е со ексклузивна цена од 350 денари, ВИП-галерија 600 денари и ВИП- партер 700 денари. Концертот го организира Балкан Медиа.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: