Општина Неготино оваа година организира “Недела на виното – Св.Трифун 2020”. Манифестацијата ќе трае од 12-ти до 14-ти февруари.
Во склоп на програмата ќе се одржат: натпревари во дегустација на винa и ракии на индивидуални производители, мастер клас, изложба, но и забавен дел на кој ќе настапат познати пејачи и локални артисти. Како главни ѕвезди на програмата се најавуваат Миле Кузмановски и Елена Велевска, кои ќе настапат во колаж со културно-уметнички друштва од Неготино и земјава.
Општина Неготино дополнително ќе организира вински тури за делегации и други гости во локални винарии од Општина Неготино.
