По нашиот единствен македонски претставник во музичкото тв шоу “X Factor Adria” Даниел Кајмакоски, уште еден македонец во светски рамки се закити со победа. Имено, младиот Мајкл Дамески кој по потекло е македонец и веќе долго време живее во Австралија, победи во шоуто “So you think you can dance” во Австралија. Уште на почетокот Дамески се има издвоено од другите натпреварувачи и станува голем фаворит како на публиката, така и на жири-комисијата. Во финалето тој се бори со уште тојца танчери за големата победа.
Нашиот млад претставник, со победата освои и парична награда која изнесува 100.000 долари. Инаку, ова не е прво шоу од ваков тип како Мајкл се пријавува и учествува, тој во 2008-та година бил дел и од мјузиклот Били Елиот, по што учествува и е дел од турнејата по завршувањето на самото шоу.
Подготви: Елена Ивановска
