Џенан Лончаревиќ е српски естраден уметник кои со својата 30 годишна музичко-естрадна работа е доста познат, признат и баран на балканските простори и држави.
На големо изненадување, Лончаревиќ солистички концерт ќе одржи во Скопје. Концертот е веќе закажан за 6-ти декември (сабота), а истиот ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 21 часот.

Според информациите со кои располага Музика24, до подготовка на текстот Лончаревиќ со својот бенд за верната публика, слушателите и фановите ќе приреди концертна вечер која ќе ја разбуди сета љубов во вас. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават на wayin.mk по цена од 700 денари, a ВИП резервации може да се направат на телефонскиот број 071/224-937.
Според информациите до кој дојдовме, местата за концертот на Лончаревиќ во Скопје се ограничени, а организатор на концертот е продукцијата Вајб. Не го пропуштајте концертот на Лончаревиќ во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје на 6-ти декември (сабота) и уживајте во вечер која ќе ви ја разбуди сета љубов во вас и вашето срце.
Текстот го подготви: Христијан Ангелески
