Во прв ред

Музика24 Ви ја честита Новата 2014-та година! Среќни празници!

Ете, позади нас е уште една година исполнета со многу музика, информации, занимливости, интервјуа… и многу, многу нешта кои ни се случија во изминатите 12 месеци. На музички план и 2013-та не се разликуваше нешто поинаку од останатите години кои поминаа, но се надеваме и веруваме дека следната 2014-та ќе биде и ќе се разликува по многу нови музички проекти, концерти и разно разни музички манифестации.

Ние, од редакцијата на музичкиот портал Музика24, 2013-та ќе ја испратиме со сеќавање на сите оние културно-уметнички и музички настани зад кои застанавме како медиум, тука меѓу другите ќе ги споменеме: “Пивофест” – Прилеп, “Охридски Трубадури – Охрид фест” – Охрид, “Aqua Park” – Пробиштип, “Струмица Опен Фест” – Струмица, “Карпошово културно лето” – Општина Карпош, “Green Fest” – Штип, “5th Dimension” – Штип, “Joy Fest” – Крива Паланка, “Imnesia Open Air Festival” – Тетово… Ги подржавме и медиумски застанавме зад концертите на Игор Џамбазов, Нокаут, Кошин, Тамара Тодевска… и многу други кои изминатата беа наши соработници.

За 2014-та Ви посакуваме пред се многу здравје, среќа, успех на приватен и професионален план, Ви посакуваме да бидете секогаш радосни, насмеани и позитивни со убава, квалитетна и популарна слушана македонска музика. Музика24 во Новата Година Ви најавува неколку нови проекти кои директно или индиректно ќе бидат поврзани со нашиот бренд, а со самото тоа уште повеќе ќе ја популаризираме нашата македонска музика.

Се најдобро и се читаме во Новата година 😉

Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: