Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 10-ти ноември со почеток од 20 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи концерт по повод денот на ослободувањето на градот насловен „Македонија пее за Куманово”. Од Фондацијата за култура и спорт – Куманово, чии актуелен директор е пејачот Марио Арангеловски, велат дека оваа година овој настан ќе има сосема нов концепт и дека всушност тоа ќе биде концерт каков што досега Македонија нема видено.
„Со задоволство ви ја претставуваме богатата музичка програма во однос на мега концертот кој ќе се случи во очи празникот “11 Ноември”.Станува збор за сосема нов концепт и концерт каков што никогаш претходно се нема случено во Македонија. Со оглед на тоа дека ангажиравме 20 изведувачи за сите генерации и од сите жанрови на музика, концертот ќе биде поделен во четири етапи. Блок на локални уметници, блок на фолк изведувачи, блок на поп-рок изведувачи и блок на рап-трап изведувачи“, не информираат од Фондацијата за култура и спорт од Куманово.

Тука воедно се прашуваме дали изборот на водител на овој настан е поради тоа што директорот Арангеловски е близок со истиот, или пак за нешто друго станува збор.
Но како и да е, доколку сакате добра и одлична, квалитетна и убава македонска музика, а сте во близина на Куманово, со задоволство Ви го препорачуваме овој настан и прослава на 10-ти ноември во овој македонски град.
