Македонскиот бенд “Фолтин” на 14-ти февруари ќе одржи целовечерен концерт во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје.
МКЦ го најави настанот на социјалните мрежи, каде соопшти дека почетокот е закажан за во 22 часот, а пред концертот атмосферата ќе ја загреваат Андреј Мицејков, Игор Спироски и Бојан Чакра со музички селекции на винил.
