Во прв ред

На 14-ти март голема DJ журка

Од Sun Production го најавуваат гостувањето на едни од најголемите и најбараните имиња на електронската музичка сцена во моментов: ДЈ-те Али и Фила од Египет и ДЈ Атма од Германија. На 14-ти март во Младинскиот културен центар во Скопје на две концептуално одвоени сцени ќе настапат:

Египетското дуо кое во последниве неколку години се рангира во врвот на светската електронска музичка елита според еминентниот DJ Магазин, креаторите на се популарното музичко радио шоу “Future Souture Sound of Egypt”, чија песна “We control the sunlight” во 2011-та година беше избрана за најдобра трака на “A state of Trance” – радио шоуто на Армин Ван Бурен.

Андреј Оливер Брасовен – ДЈ Атма е еден од пионерите на електронската музика во Источна Европа. Роден во Трансилванија, живее во Германија. Започнува да продуцира техно музика уште во 1991-та година. Повеќе од две децении на електронска музика сцена со стотици настапи во живо на техно-транс сцената, познат во целиот свет по својот уникатен стил и неговите настапи во живо.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: