Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, Ви го најавува концертот по повод 100 години од раѓањето на Никола Бадев, 70 години во етерот, во рамки на фестивалот “Есенски музички свечeности 2018”. 15ти ноември (четврток) Македонската Опера и Балет, почеток 20:00 часот. Продажба на билети во kupikartizase и пола Југотон, a пред почеток на концертот ќе има и на билетарата на Македонската опера и балет. Цена на билет: 300 денари. На концертот свое учество ќе имаат: Гоце Цоневски, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Душко Георгиевски, Зуица лазова, Наум Петревски, Виолета Томовска, Александар Тарабунов, Сузана Спасовска, Благоја Грујовски, Добрила Ивановска Чабриќ, Бубо Каров, Трио “Гранде”, Елена Андоновска, Мишко Крстевски, Оркестарот на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија “Танец” под раководство на Милан Завков како и Изворниот оркестар на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија “Танец” под раководство на Бајса Арифовска.
