Во прв ред

На барање на македонската публика Jala Brat и Buba Corelli закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански“

По рекордно распродадениот прв концерт од најавената „Goat Tour“, Jala Brat и Buba Corelli на 28-ми ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“. Енергија, хитови и спектакл што не се пропушта.

Jala Brat и Buba Correlli се подготвени за уште еден музички спектакл, затоа подгответе се за неверојатен старт на „Goat Tour“.

На 28-ми ноември, во СЦ „Јане Сандански“, регионалните икони на модерната музика Jala Brat и Buba Corelli ќе приредат уште едно аудиовизуелно шоу што ќе ги помести сите граници и ќе ја крене македонската публика на нозе. Вратите се отвораат во 19:30, а шоуто стартува во 21 часот. Со години на врвот на балканската сцена, со безброј хитови и милионски прегледи, Jala и Buba спектакуларно, со два скопски концерти ја стартуваат големата „Goat Tour“ во чии рамки ќе посетат повеќе од 10 европски метрополи. Турнејата потпишана од Music Week плaтформата стартува од Скопје по што ќе следуваат настапите во Штутгарт, Загреб и други градови.

Ова нема да биде само концерт, ова ќе биде искуство за сите сетила, со моќна продукција, организација и спектакуларно осветлување со потписот на Скајмјузик продукција, и, се разбира, сцена која ќе го претвори Скопје во епицентар на балканската урбана музика. Влезниците се пуштени во продажба преку мрежата на wayin.mk.

Не пропуштајте го настанот за кој сите ќе зборуваат – Jala Brat и Buba Corelli – „Goat Tour“, 28-ми ноември, СЦ „Јане Сандански“. Ново шоу – уште една вечер нов GOAT момент.

Можеби ќе ве интересира: