Во прв ред

На музичко-поетска вечер во Скопје гостува познатиот српски актер Иван Босиљчиќ

Актерот Иван Босиљчиќ ќе гостува во Скопје на 9-ти март, во Македонската опера и балет со почеток од 20 часот, на музичко-поетска вечер насловена „Наша вечер“.

Програмата е комбинација од обработки на популарни песни од 1960-тите до денес, филмска музика и руски романси, а белградскиот актер рецитира и поезија од регионални и светски автори на македонски и на српски јазик.

На сите негови досегашни гостувања, Босиљчиќ ја рецитираше „Две тишини“ од Анте Поповски и пееше песни од Тоше Проески, а тоа го најавува и за 9-ти март. Настанот го организира продукција „Вајб“.

Можеби ќе ве интересира: