Од крајот на следниот месец на Македонската телевизија ќе започне да се емитува најгламурозното шоу кое што досега се емитувало на македонските тв екрани, а станува збор за шоуто “Танц со ѕвездите”.
Денес челниците од МТВ излегоа со детали за шоуто, проект кој претставува еден од пообемните во историјата на оваа национална тв куќа. За водител на шоуто е одбран актерот Тони Михајловски, кој зад себе има доста познати и сериозни проекти, меѓу кој е и познатиот “Македонски идол”.
За потребите на шоуто е изработена посебна гламурозна сценографија, а истото ќе се снима во ново студио од 800 метри квадртани кое е во изработка. На денешниот прес, продуцентите ги открија учесниците во првата сезона, а тие се: Марјана Станојкоска (лото и бинго водителка), Бранко Чупески (новинар од спортската редакција на МТВ), Јелена Јованова (актерка), Васил Зафирчев (актер), Висар Вишка (актер), Викторија Лоба (пејачка), Атанас Николовски (кајакар), Андријана Будимир (ракометарка), Александар Белов (пејач) и Аделина Тахири (пејачка).
Подготви: Марија Поповска
