Во прв ред

Наскоро “Прилеп фолк фест” – јубилејно 5-то издание

Овогодинешното издание на фолк фестивалот “Прилеп фест” ќе се одржи на 30-ти мај. Локацијата традиционално останува иста – Домот на културата “Марко Цепенков”. Јубилејното 5-то по ред фестивалско издание и годинава ќе ја собере домашната фолк елита, па така на сцената во Прилеп меѓу другите ќе ги видиме и чуеме Сузана Гавазова, Јордан Митев, Соња Тарчуловска, Гонце Гогова… А секако нема да изостанат ниту гостите од надвор – овојпат ќе имаме дури тројца изведувачи од соседна Бугарија, ексклузивци на продукцијата Пајнер, и тоа Рајна, Надја и Васил.

За најдобрите повторно ќе има и награди, и тоа оние од стручното жири и публиката, но и акредитираните новинари, потоа признанија за сценски настап, дебитант, интерпретација, најслушана песна меѓу две фестивалски изданија… “Прилеп фест” е во организација на Бокс продукција, а на фестивалската сцена ќе бидат отпеани дваесетина теми, кои веруваме ќе го најдат своето место меѓу љубителите на фолкот.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: