Во прв ред

Наум Петрески со голем јубилеен концерт на 22-ри април

По повод 30-годишна кариера на македонската и балканска естрада на нашата македонската музичка гордост – легендарниот Наум Петрески, продуцентската куќа “АВАРД Промотион” ќе одржи јубилеен концерт на 22-ри, во Метрополис Арена. Настанот нема да биде само обичен концерт, туку несекојдневно мега шоу, на кое освен промоцијата на новите хитовски рефрени од цд албумот на Петрески “Грло Ненапеано”, ќе бидат отпеани и многу познати легендарни македонски мегахитови, а ќе има многу забава и интересни содржини, додека во исто време и на славеникот ќе му оддадат признание и многу пријатели од естрадата, пејачи, актери…

Во оваа пригода се одржува само еден ексклузивен концерт, поточно незаборавен музичко-сценски хепенинг со живата легенда и еден од најквалитетните пејачи на Балканот, Наум Петрески, човекот со глас кој никого не оставил рамнодушен.

Подготви: ВЃП

Можеби ќе ве интересира: