Во прв ред

Ненадејна загуба: Почина поп-ѕвездата Шпат Касапи

Денеска во Албанија и Македонија со неверување и длабока тага беше пречекана веста дека поп-изведувачот Шпат Касапи починал рано изутрината. Пејачот ненадејно добил срцев удар, а и покрај брзата интервенција на медицинските тимови, неговиот живот не можел да биде спасен. Неговите блиски велат дека пред трагичниот настан немал сериозни здравствени симптоми, јавува ТВ21.

Шпат Касапи важеше за едно од водечките имиња на современата албанска музика. Роден во Тетово на 1 мај 1985 година, тој израснал во семејство длабоко поврзано со музиката, што уште од најмала возраст го насочило кон сцената. Неговиот талент брзо се забележа, па веќе од почетокот на новиот милениум активно ја градел кариерата, освојувајќи ја публиката во регионот.

Во повеќе од дваесетгодишната работа Касапи создаде авторски печат препознатлив по модерниот звук и поп-аранжманите. Неговите песни, меѓу кои „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“, „Aroma e saj“ и многу други, станаа неразделен дел од албанските и косовските музички топ-листи. Често учествуваше на фестивали, соработуваше со бројни музички имиња и беше редовен учесник на големи сценски настани.

По него остануваат сопругата и детето.

Можеби ќе ве интересира: