„Next Time“ најавува голем солистички концерт кој е закажан на 17-ти декември во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ во Скопје.
На концертот ќе го презентираат нивното музичко творештво и материјалот од нашиот последен албум „Мајка“. Како специјален гостин на настанот го најавуваат Лозано.
Влезните билети може да се набават преку продажната мрежа на MkTickets. Покрај опцијата за лесно и брзо купување по електронски пат, билетите може да ги купите и на повеќе локации низ земјава.
