Популарното дуо ,,Next Time” со свој настап ќе ја затвори манифестацијата „Свети Трифун 2022“ на градскиот плоштад во Кавадарци, на денот на виното и вљубените на 14-ти февруари. Нивниот концерт е од 21.30 часот, а пред нив настапуваат Екстра бенд плус.
Во текот на денот ќе настапат локални артисти со староградска музика, како и фолклорен ансамбал. Освен музичката програма предвидени се изложби и дегустации на вина и традиционалното закројување на винова лоза.

