Во прв ред

Нокаут со концерт по повод 30. годишнината од нивното постоење (Фото)

Во убавиот амбиент на ресторанот „Пелистер“ на плоштадот Македонија во Скопје, денеска култната музичка група Нокаут ја одржа најавната прес-конференција по повод нивниот претстоен концерт кој е со повод, а тој е 30 години постоење на оваа позната македонска музичка поп-рок група.

ПР-от на Нокаут, Антонио Димитриевски рече дека паметел кога Пере и целата прва екипа гостувале во неговата емисија „Шоуто мора да продолжи“ кое тогаш се емитувало на тогашната Македонска телевизија.

„Во Македонија да живееш 30 години е проблем, а камо ли да имаш бенд, но со разно-разни варијации. Јас паметам како да беше вчера кога Пере и првата екипа дојдоа кај мене за емисија во тогашната Македонската телевија и шоуто „Мора да продолжи“. Ја отпеаа онаа позната песна која тогаш беше хит на генерација, а сега е евергрин“, рече Антонио Димитриевски и додаде дека се работи за концерт кој ќе биде исклучително значаен.

„Се работи за концерт кој е исклучитлно значаен, не само заради опстојувањето на бендот и сите нивни хитови кои низ годините ги создадоа Пере и екипата, туки и заради тоа што ќе биде еден вистоински аудио-визуелен спектакл кои ретко се гледа или е досега невиден за македонски бенд“, додава ПР-от на Нокаут, Антонио Димитриевски

Пере кој е член и основач на групата Нокаут за медиумите вели дека сцената во Спортскиот центар „Јане Сандански“ е кружна за полесна комуникација и пратење на публиката од сите страни.

„Ја покануваме публиката таа саботна вечер да си поминеме убаво заедно со нас и со она што ние го градевме еве веќе 30 години. Да не беа Игор Џамбазов, Дарко Гелеб-Брејк и Дупер ние секако дека би свиреле во Младинскиот културен центар (МКЦ). Возбудата за концертот е голема и кај нас и тоа се гледа и чувствува. За прв пат ќе свириме на некаква кружна бина које е поставено централно во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Главната идеја беше да бидеме што поблиску до идејата. Затоа се одлучивме да бидеме така поставени и да имаме комуникација и да бидеме пратени од сите страни на публиката“, изјави членот и основачот на групата Пере.

Игор Џамбазов за концертот вели дека Нокаут биле негова слабост, а тој нивна тежина и дека му било навистина драго што ќе настапел со бендот со кои 20 години свирел и настапувал.

„Ова што ќе се случи на 9 Мај на денот на победата над фашизмот има некаква приказна. Прв пат ќе настапувам на овална сцена. Еден сум од ретките што повеќе од 10 години сум настапувал со бендот и како 6 или 7 член на бендот од 2006 до пред некоја година. Нокаут се мојата слабост, а јас сум нивната тежина. Драго ми е што ќе свирам со бендот со кој 20 години настапував. Ќе ги отсвириме најголемите хитови.“-кажа Игор Џамбазов.

Музичарот Дарко Гелев-Брејк за концертот вели дека му е огромна чест што бил дел од 30 годишната музичка приказна на Нокаут, а посебено му е драго што Игор Џамбазов се трудел текстовите на песните да бидат вечни, а тие како група да пеат онака како што требало да биде.

„Чест ми е што сум поканет да бидам дел од нивната приказна, не само на концертот туку и сите овие песни што заедно ги имаме снимано. Посебно ми ре драго што Игор Џамбазов се труди тие текстови да бидат вечни, а ние да ги испееме така како што треба да биде. Убав позитивен циркуз ќе направиме на 9 Мај во Спортскиот центар „Јане Сандански“, изјави музичрот Дарко Гелев-Брејк.

Имено, на сцената со Нокаут ќе се појават и настапат нивните музички гости, а тоа се: Дарко Гелев-Брејк, Игор Џамбазов, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и други кои ќе бидат убаво и интерсно изненадување за публиката.

Концертот е со почеток од 21 часот, а од групата апелираат публика да пристигне порано во самиот Спортски центар, за да нема застој и да нема доцнење за почеток на концертот.

Инаку, според информациите изнесени на денешната прес конференција концертот е целосно распродаден што докажува дека македонската публика навистина ја сака и ја негува македонската музика, а пред се музиката во поп-рок жанр.

Текстот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: