Камерниот оркестар на Битола ќе одржи новогодишен концерт со наслов “Виена во Битола” на 23-ти декември во големата сала на Центар за култура – Битола со почеток во 20 часот.
Диригент ќе биде Бисера Чадловска, а на концертот ќе настапат: сопранот Наде Талевска, тенорот Дејан Тошев како и првенци и солисти при Македонската опера и балет. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 20-ти декември.

