Традиционално и оваа година во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок ќе се оддржи новото издание на фестивалот на македонска песна “Лешочки Фолк Фест”. Продолжувајќи ја музичко-културната традиција од изминатите години, за 27-ми август годинава е најавено новото издание на овој познат македонски фестивал на кој што учество ќе земат голем број на познати реномирани македонски музички имиња од македонската фолк музичка сцена.
На конкурсот може да учествуваат сите домашни автори и изведувачи кои ја афирмираат и изведуваат новокомпонираната песна во духот на македонското фолклорно творештво, почитувајќи ја уникатната македонска мелоритмика и музички израз. Песните може да обработуваат теми од свадбарски, чалгаџиски, родољубив и љубовен карактер.
Секој автор кој е заинтересиран да конкурира на фестивалот, потребно е да достави нотен запис, со впишани хармонски симболи, стихови, како и демо-снимка за секоја песна. Со испраќањето песни на конкурсот, авторите му го отстапуваат правото на организаторот песните да ги печати, за прв пат јавно да ги изведува, да ги сними на носачи на звук и слика, и сите овие права или некое од нив поединечно да ги пренесе на трети лица. Организаторот го задржува правото преку својата стручна комисија да врши евентуални мелодиски, ритмички, хармонски и текстуални корекции. Доколку на конкурсот не пристигнат доволен број на квалитетни трудови, организаторот го задржува правото истите да ги обезбеди по пат на нарачки.
Рокот за доставување на песните е 20-ти јули 2021 година. Песните може да се испратат на електронската е-меил адреса: [email protected]. Дополнителни информации и контакт на телефоните: 070/262-355, 078/318-298 и 076/493-783 – порачуваат организаторите на “Лешочки Фолк Фест”.
