Во прв ред

Од 16-ти до 20-ти октомври “Виноскоп”

Иако виното е главниот протагонист на фестивалот “Виноскоп”, не би било интересно доколку не е дополнето со квалитетна музичка програма. Оваа година на фестивалот посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна музика која ќе ги задоволи и најизострените вкусови. Жанровски се застапени повеќе музички правци, но оваа година најзастапени ќе бидат етно и рок музиката. Љубителите на  добра музика на овогодинешниот “Виноскоп” ќе имаат можност да ги слушаат: Клапа Искон од Хрватска, “Monsieur Doumani” – етно бенд кој доаѓа од Кипар, Skaddia World Music од Италија, а од домашните изведувачи засега се најавени: Суперхикс, Кристина Арнаудова, Тумбао Салса бенд, Драган Мијалковски, Ајдаред, Наум Петревски, Владимир Четкар и др .

Значи драги љубители на убавото вино и убавата музика од 16-ти до 20-ти октомври на градскиот плоштад “Македонија” во Скопје ќе се одржи седмиот по ред “Виноскоп”. Музика24 како релевантен и најпосетуван македонски музички портал е еден од медиумските покровители на овој забавно-музички настан.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: