На неколку месеци до одржувањето на рок спектаклот на легендарниот Billy Idol во Скопје, познати се детали околу влезниците за истиот. Имано, од Авалон продукција не известуваат дека влезниците се пуштени во продажба од денес, 12-ти март по цена од 1.000 денари или околу 16 евра. Од таму додаваат дека во продажба ќе бидат пуштени и лимитиран број влезници за фан-пит – само 1.000 и ВИП – само 500 влезници по цена од 1.500 денари.
Концертот на рок легендата е закажан за 27-ми јуни на Скопското кале (на отворено), а за специјалните гости на концертот, доколнително ќе бидете известени. Билетите може да ги набавите на веќе познатите места во Скопје и низ Македонија и секако преку интернет на www.kupikartizase.com.
Подготви: Маргарита Робевска
