Македонската народна песна повторно ќе заживее во својот најавтентичен сјај на сцената на Античкиот театар во Охрид. На 4 август 2026 година, познатата македонска етно-фолк пејачка Елена Андоновска ќе го одржи својот солистички концерт „Од Македонија во туѓина“, музички спектакл посветен на доајенот на македонската народна песна – Васка Илиева.
Со овој концерт, Андоновска ќе ѝ оддаде искрена почит на жената која со својот единствен глас, препознатлива интерпретација и богат музички опус остави неизбришлива трага во македонската култура. Васка Илиева со децении беше амбасадор на македонската народна песна, а нејзините безвременски хитови и денес се пеат со истата љубов и емоција, како во Македонија, така и меѓу Македонците ширум светот. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно осмислена концертна програма, во која Елена Андоновска ќе ги изведе најубавите, најемотивните и најпознатите песни од богатиот репертоар на Васка Илиева. Секоја композиција ќе биде потсетник на богатото македонско музичко наследство и на вредностите што со генерации се пренесуваат преку народната песна.
Концертот „Од Македонија во туѓина“ не е само музичка вечер, туку проект со силна културна и национална порака – да се зачува, негува и афирмира македонската традиција, да се оддаде заслужена почит на една од најголемите музички легенди и да се поттикнат новите генерации да ја продолжат љубовта кон народната песна.

Во магичниот амбиент на Античкиот театар, публиката ќе биде дел од вечер исполнета со емоции, спомени и гордост. Преку интерпретациите на Елена Андоновска, безвременските песни на Васка Илиева повторно ќе оживеат, носејќи ја истата сила, топлина и љубов кон Македонија што со децении ги обединува луѓето, без разлика каде живеат. Организаторите ги покануваат сите љубители на македонската народна музика да бидат дел од овој уникатен музички настан и заедно да ѝ оддадат почит на легендата чие творештво претставува едно од најголемите богатства на македонската музичка традиција.
И не заборавајте, 4 август, локација Антички театар Охрид, концерт на Елена Андоновска „Од Македонија во туѓина“ посветен на Васка Илиева. Билетите се веќе во продажба.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
