Во прв ред

Одложено шоуто „Глумците пеат“ – Новите датуми ќе бидат објавени наскоро

Очекуваното музичко-сценско шоу „Глумците пеат“, кое беше закажано за 8 и 9 април во Македонскиот народен театар, се одложува.

„Ова шоу е создадено за да носи радост, енергија и заедништво, но во овие моменти, никој од нас нема сила да го реализира со истата посветеност и емоција. Благодарни сме за вашата поддршка и разбирање. Новите датуми ќе ги соопштиме наскоро. Купените влезници остануваат важечки за следните термини“, соопштија организаторите.

Годинешното издание на „Глумците пеат“ ќе биде инспирирано од магијата на филмската уметност, а на сцената ќе настапат 25 извонредни актери од различни генерации, придружувани од биг-бенд составен од врвни музичари.

Режисер на шоуто е Дејан Пројковски, музичките аранжмани ги потпишува Бобан Мирковски, кореографијата е во рацете на Олга Панго, а под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски, ова шоу ветува спектакуларно доживување за сите љубители на музиката и театарот.

Останете со нас за повеќе информации околу новите датуми.

Можеби ќе ве интересира: