Во прв ред

Олабај на „Битола Шекспир Фестивал“ и „Битола отворен град“

На Mузика па Олабај и На Театар па Олабај се креативни пакети кои ги надополнаа и промовираа програмите на Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град и Битола Шекспир Фестивал, обезбедувајќи дополнителна програма што ги анимира и задржува гостите и посетителите во локалната заедница, ги поврзува со истата и ја мотивира да ја конзумира фестивалската програма.

Уметничката работилница: „Треба да ги затвориш очите – инаку нема да видиш ништо.“, „АrtHunt“, музичките концертни надополнувања со „Ние запирка другарите“ и „Funk’d Up „Ништо ново под сонцето“ и „Празната чинија одекнува најгласно“ беа дел од На Mузика па Олабај и На Театар па Олабај.

Овие два пакети одекнаа со пулсот на слободата за експеримент, наметнувајќи се како надополнување на културните пулсирања во градот. Нашите програми се поврзаа со гостите, со публиката и со потенцијалната публика, претставувајќи програмски гласници и  аниматори, пред, за време и после фестивалските програми.

„Олабај“ е програма која ќе се реалзира во текот на целата година и ќе биде дел од останатите меѓународни фестивали во Битола.

Проектот го реализира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира: