Во прв ред

Општина Штип ја откажа овогодинешната “Пастрмајлијада”

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, соопшти дека поради пандемијата Ковид-19 се откажува овогодинешното издание на познатата манифестација “Пастрмајлијада”. Ова е уште една во низата манифестации и културно-забавни настани кои се откажуваат поради пандемијата.

“Пастрмајлијада” стана познат бренд на градот Штип кој трае 13 години. Минатата година главна ѕвезда на манифестацијата беше Светлана Ражнатовиќ – Цеца, а претходно настапуваа Северина, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, “Рибља чорба”, “Дивље јагоде” итн.

Можеби ќе ве интересира: