Во прв ред

Оркестарска турнеја на Влатко Стефановски

По успешните концерти во Љубљана и Марибор со гудачкиот оркестар на Словенечката филхармонија, Влатко Стефановски продолжува со спектакуларни оркестарски концерти. Тој настапи во Монако, со филхармонијата на Монте Карло на 6-ти овој месец, заедно со своите стари соработници, Мирослав Тадиќ и Теодосии Спасов.

Со оркестрите диригира Кристјан Јарви, еден од најбараните европски диригенти во моментов. На 11-ти и 12-ти јануари Стефановски настапи во Лајпциг и Вајмар со Симфонискиот Оркестар на МДР Лајпциг.

Турнејата со симболичен наслов “Балканска треска” продолжува на “Фламенко Фестивал” во Амстердам, од каде што триото се сели во Лондон, на концерт во Барбикан Центарот со Лондонскиот Симфониски Оркестар, на 31-ви месецов. Планиран е и концерт во Скопје пред крајот на годинава.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: