Како што дознава Музика24, оваа година за време на одржувањето на фестивалот за забавни мелодии “Макфест” кој што ќе започне на 11-ти октомври и ќе трае само два дена односно до 12-ти следниот ден, во исто време ќе се одржува и познатата манифестација “Штипската пастрамалијада”.
Како што велат организаторите на овој веќе голем настан, можно е во Штип на пастрамалијадата да видиме големи музички имиња од балканот со кои веќе се преговара, а само ќе ги споменеме “Бијело Дугме” и Харис Џиновиќ. Според информациите од минатата година кога биле продадени повеќе од 100 илјади пастрмалии, оваа година организаторите очекуваат бројката далеку да се зголеми.
Подготви: Катерина Димиќ
