Вчера во Општината Прилеп на својата прва прес конфернција посветена на Фестивалот на пивото и скарата “Пивофест”, беа промовирани уникатните униформи кои се заштитен знак на оваа огромна балканска музичка фешта. Меѓудругото, на пресот присуствуваше и победникот на првото најгледано балканско музичко тв шоу “X Factor” Даниел Кајмакоски кој ќе ја отвори големата пиво забава на 17-ти јули со свој едночасовен концерт. Тој пак, пред присутните новинари истакна дека му е посебно драго и му претставува особена чест што оваа година токму нему му припадна честа да го отвори дванаесето издание на “Пивофест”.
Градоначалникот на Прилеп, Г-нот Маријан Ристески изјави дека подготовките и за овој дванеесети по ред настан се пред самиот крај и дека Прилеп како и сите предходни години е спремен да ги прими сите љубители на пивото, скарата и забавата од 17-ти до 20-ти јули понудувајќи им квалитетен пречек со максимална инфраструктурана подреденост, почнувајќи од паркинзите, сместувањето, па се до бесплатниот кампинг простор на Могилата.
Освен Данијел Кајмакоски, на “Пивофест” оваа година на сцената присутните ќе имаат можност да се дружат и забавуваат и со многу познати музички имиња како од Македонија, така и од Балканот и пошироко меѓу кои ќе ги споменеме: Ефто Пупиновски, Јелена Розга, Тони Цетински, Владо Јаневски, Жељко Самарџиќ… поради што организаторот очекува огромна посетеност и незаборавна забава.
Специјализираниот македонски музички портал Музика24 и оваа година е медиумски покровител на овогодинешното издание на “Пивофест”, а со самото тоа нашата екипа која ќе престојува во градот под Марковите кули, ќе Ви го долови она што се случува и секако ексклузивно само на Музика24 ќе имате можност да прочитате низа интервјуа со повеќето од учесниците на ова голема музичка манифестација.
Подготви: Андреја Андреевиќ
