Во прв ред

По 11-ти пат во Скопје ќе се одржи “Интерскопкејкс” (Фото)

Како што не информираат организаторите, на 9-ти ноември во Скопје во Веро Центарот, традиционално по 11-ти пат ќе се одржи манифестацијата “Интерскопкејкс”. Манифестацијата е во организација на Град Скопје во соработка со Хуманитарната организација “Хоа – Ангелчиња”. Граѓаните и посетителите на Град Скопје и оваа година ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматери и професионалци од земјата и странство.

“Досега можеме да се пофалиме со бројка од девет држави кои го потврдија своето учество Република Турција, Република Србија, Република Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Црна Гора, Романија, Република Бугарија, Република Албанија. Тортите по завршувањето на манифестацијата ке бидат поклонети на децата од социјално загрозените семејства”, велат организаторите на “Интерскопкејкс”.

Организациски манифестацијата ќе биде поделена во два дела:
– ревијален дел од 11 до 15ч каде граѓаните со слободен влез ќе ги разгледаат изложените торти и изложбените штандови, ќе го следат натпреварот под притисок, ќе гласаат според нив за најдобрата торта, притоа уживајќи во богатата музичка програма .
– официјален дел од 15 до 16:30 часот кој ќе биде отворен од страна на преставници на Град Скопје. На официјалниот дел ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, карвинг мајстори, а воедно и ќе се прогласат победничите торти во двете категории кои ќе бидат наградени со награди. Неофицијално, потврденото е присуство на некои од амбасадорите во Република Македонија.

Се надеваме дека и Вие ќе бидете дел од овој голем и сладок хуманитарен хепенинг со што ќе помогнете да се подигне хуманата свест кај граѓаните, а воедно и придонесете за поквалитетно преставување пред странските делегации. Музичкиот портал Музика24 медиумски го подржува овој голем кулинарски настан, и воедно од истиот ќе Ве известува по самото одржување.

Можеби ќе ве интересира: