По одличниот концерт кој што балканската мега ѕвезда Жељко Јоксимовиќ го одржа во саботата 21-ви јуни на арената “Филип Втори”, неколку дена потоа тој на навистина оргинален начин и се заблагодари на македонската публика. Имено, денес низ македонските улици беа поставени билборди на кои освен најавата за концертот беше испишано: “Фала Скопје, Македонијо”.
Градскиот стадион беше претесен за сите присутни, немаше некој што не замина задоволен и исполнет од четиричасовниот концерт. Секоја чест за Жељко и за целата негова српска продукција која рака на срце беше повеќе од професионална.
Една од многуте работи кои ќе останат како дамка на нашиот македонски организатор е тоа што како што дознава Музика24 дента на самото одржување на истиот на големо биле доделувани гратиси колку само бројката да биде голема или на јавноста да и се прикаже големата посетеност и заинтересираност за истиот, сепак да не бидеме погрешно сфатени немаме ништо против никого, туку едноставно ја споделуваме инфомацијата која ја добивме од учесници во оваа акција.
Како и да е, дефинитивно по нашиот Тоше, концертот на Жељко Јоксимовиќ уште долго ќе се памети и уште долго за истиот ќе се зборува.
Подготви: Иван Јосимовски
