Како што не известуваат од Општина Куманово, на 9-ти и 10-ти ноември по повод денот на Градот, на Градскиот плоштад ќе се одржат два музички концерти во организација на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на Градоначалникот Максим Димитреивски и Советот на Општина Куманово.
Музика24 дознава дека првата вечер, односно, на 9-ти ноември на сцената на Градскиот плоштад ќе настапат: децата од “Дајте музика”, Тајзи и ѕвездата на вечерта, балкански познатата и популарна Сара Јо. Втората вечер пак, 10-ти ноември, кумановчани и сите оние кои сакаат добра и незаборавна забава вечерта ќе ги забавува групата “Next Time”, веднаш по нив на сцената ќе настапат Барди и Алкета, а ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот и популарен македонски пејач Влатко Лозаноски – Лозано.


Концертите и музичката програма ќе започнуваат со почеток во 20 часот, а од Фондацијата за култура и спорт наскоро најавуваат повеќе детали и информации поврзани со ова големо празнување по повод денот на Градот Куманово.
