Во прв ред

После Белград Gipsy Kings во Скопје – ноќ на ритам, страст и магија! (Фото)

Колку песни, толку хитови! На 22 март (сабота), арената „Јане Сандански“ ќе пулсира во ритамот на румбата и фламенкото – затоа што легендарните Gipsy Kings за прв пат доаѓаат во Скопје! Предводени од Nicolas Reyes, човекот со ангелски глас, кој ги отпеа незаборавните „Bamboleo“, „Volare“ и „Djoba Djoba“, Gipsy Kings ќе ни приредат 90-минутно шоу исполнето со енергија, страст и музика што се чувствува со душа.

Глобален феномен во светската музика – со 20 милиони продадени албуми и „Греми“ награда за „Savor Flamenco“, Gipsy Kings оставија печат што не избледува. А Nicolas Reyes и денес ја освојува сцената, што го покажа и неговиот настап со Coldplay во Барселона минатата година.

Билетите се пуштаат во продажба од петок (7 февруари) во 10:00 часот на karti.com.mk и низ нивната продажна мрежа. 22 март – почеток 20:00 часот! Подгответе се за вечер исполнета со ритам, емоции и вистинска музичка магија!

Можеби ќе ве интересира: