Песната “Ничег није било измеџу нас”, која ја освои целата публика во регионот, петтата нумера од новиот албум на Здравко Чолиќ, доби своја филмска илустрација. Новиот спот може да го погледнете и на официјалниот YouTube канал на Здравко Чолиќ, а во продолжение погледнете го на Музика24. Ова дело е со потпис на Александар Сретеновиќ, а аранжманот на Никша Братош.
“Сензуалните сцени кои ги снимавме, досега не се видени во спотовите на Здравко. Моравме да ја внесеме магијата на провокацијата, заведувањето, приказна која ќе ги држи во неизвесност гледачите до самиот крај на спотот”, изјави Александар Керкеш Кеки, режисерот кој својот визуелен печат го става и на овој спот. Приказната за младиот брачен пар, кој поминува низ емотивни искушенија и кризни моменти, е снимана во Нови Сад.
Во рамки на регионалната турнеја “Оно мало срече”, Здравко Чолиќ ќе одржи концерти: во Загреб (20-ти октомври), во Тузла (3-ти ноември), во Скопје – два концерти (10-ти и 17-ти ноември). Од првиот концерт кој ќе се одржи во ВИП арената “Борис Трајковски” закажан за 10-ти ноември останати се уште само неколку Партер и Фанпит карти. На огромно барање на публиката закажан е и втор концерт закажан за 17-ти ноември. Билетите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Пола Југотон и цвеќара “Розе” – Веро2.
