Како што веќе сите знаете, познатата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ на 14-ти февруари ќе оддржи свој концерт во Скопје, поточно во Македонскиот народен театар. Но Музика24 дознава дека освен концерт на денот на виното и љубовта, Мартиновиќ ќе оддржи и втор концерт закажан на 15-ти февруари, ден по првиот концерт.
“Концетрите се дел од мојата нова турнеја “Неописиво” кои се спој на музика, поезија и интимно дружење со публиката. Ниеден концерт не е ист, деловите поезија што ги читам ги избирам во моментот, поттикната од тоа како реагира публиката. Затоа и турнејата ја нарековме “Неописиво”. Не може да се раскаже што ќе се случува на концертите, туку само да се доживее. Едвај чекам да се дружам со македонската публика”, изјави пејачката Мартиновиќ.
Ова е прво гостување на хрватската пејачка во Скопје по скоро десет години. Билетите за вториот концерт се веќе во продажба, на билетарата на МНТ и онлајн. Организатор на концертот е “Евентум”.
