Во прв ред

Познати балкански музички групи на новото обновоно издание на „Скрим фестивал“, во Скопје

На 9-ти ноември, по неколку години пауза, повторно ќе се одржи музичкиот фестивал „Стрим фестивал“ во Скопје. Во салата „Борис Трајковски“ ќе настапат три популарни групи од поранешна Југославија: „Црвена јабука“ од Сараево, „Прљаво казалиште“ од Загреб и „Галија“ од Ниш.

Претходно, фестивалот се одржуваше во „Метрополис арената“ со настапи на македонски и балкански пејачи и групи. Во 2014-та, концерти во иста вечер одржаа Владо Јаневски и „Прљаво казалиште“.

Настанот го организира продукцијата „Прагма“, а билетите се пуштени во продажба преку мрежата на kupikarta.com

Можеби ќе ве интересира: