Во прв ред

Пред концертот во Скопје, Цеца вечерва и утре ја освојува Софија (Видео)

Во организација на нашите соработници Моко Солушн од соседна Бугарија, вечерва и утре познатата и мега популарна фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ одржува два големи концерти во Арената Армеец во Софија. Како што не известуваат организаторите, како вечерашниот концерт кој е однапред расподаден, така и утрешниот втор концерт ќе биде вистинско дружење со неповторливата и секогаш оргинална Цеца.

Да ве потсетиме, концертот на Светлана Цеца Ражњатовиќ во Скопје ќе се одржи за речиси една недела, односно, на 25-ти март во ВИП арената “Борис Трајковски”. Во продолжение, погледнете само мал дел од адмосферата на вечерашниот прв концерт во Софија, а можете да претпоставите каков ќе биде утрешниот втор концерт на оваа позната фолк дива.

https://www.facebook.com/vesela.konstantinova.27/videos/1796852987007125/

https://www.facebook.com/vesela.konstantinova.27/videos/1796961193662971/

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: