Во прв ред

Предновогодишен концерт на Градски дувачки оркестар во МКЦ

Градскиот дувачки оркестар традиционално го приредува бесплатниот предновогодишен концерт, кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар на 16-ти декември во салата „25 Мај“.

Со почеток во 19 часот, во склоп на програмата на концертот, ќе бидат изведени 13 мелодии меѓу кои и „What a wonderful World“, „Љуби ме и главата горе“, „Sway“, „Џипси сонг“, „New York, New York“, како и „Радецки марш“ од Јохан Штраус. Влезот на концертот е бесплатен, но претходно треба да се подигне протоколарен билет од билетарницата на МКЦ.

На иницијатива на Град Скопје и Младинскиот културен центар во март 2006 година се формираше Градски дувачки оркестар, а во оркестарот членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за Музичка уметност. Репертоарот на оркестарот е богат и разновиден, се изведуваат дела од сите жанрови.

Оркестарот од самиот почеток па се до денес има настапувано на сите манифестации во градот Скопје и другите градови во Републиката. Организаторите известуваат дека настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид протоколи.

Можеби ќе ве интересира: