Во организација на Авалон Продукција, премиерно ќе биде одржан првиот концерт на тинејџерскиот хит серијал „Teen Camp“, на отворено во Скопје, на 8-ми јули на стадионот на АРМ.
Како што велат организаторите, не очекува спектакуларна вечер со Филип, Миха, Наташа, Сандра, Милош, Комбе, Дарија, Јана, Мила, Боно и останатите миленици од серијалот, во која ќе може да ги слушнете легендарните хитови изведени на голема сцена, со светска продукција, звук и светло.
Ако минатата година беше задоволство и императив да го претставиме во живо проектот „Дајте Музика“, не само на нивните фанови туку на целата публика, задоволството оваа година е уште поголемо, да го претставиме на истото место и спин – оффот, проектот „Teen Camp“.
Влезниците се веќе во продажба на продажните места во мрежата на ticketx.mk низ Македонија како и онлајн на ticketx.mk по следниве цени и категории: Партер: 400 денари, Фан Пит: 600 денари (само 1.000 влезници во продажба).
