Во прв ред

Прилепчани со палачинки ќе го означат крајот на учебната година

По повод крајот на учебната година, утре 9-ти јуни (петок) со почеток од 18 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, ќе се одржи манифестацијата „Палачинкијада“.

Како што дознаваме, оваа година освен дегустирање вкусни палачинки со различни вкусови, младите ќе ги забавува Биби, препознатлива од македонската анимирана серија „Биби и Боби“. На најдобрите ученици од соновните и средни училишта ќе им бидат доделени и пофалници.

Организатор на оваа манифестација и дружење е Општина Прилеп.

Можеби ќе ве интересира: