Со неизмерна љубов кон македонската песна како и со нетрепние прилепчани, а и гости од околните градови пристигнаа и го очекуваа 20 часот, терминот кои беше резервиран за убава македонска песна, а тоа беше концертот од второто продолжение на караванот „Македонијо во срце те неосиме“. Концертот се одржа на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп и истиот беше претесен да ги собере сите љубители на убавата македонска музика како и генерално на овој добро познат и надалеку признат, слушнат и виден концертен караван кои има доста интересен и доста впечатлив наслов.
На концертот беа промовирани 14 нови песни, а покрај музичкиот имаше и малку поетско-драмски перформанс, а за истиот беше задолжен актерот Владо Јовановски. Имено, концертот беше вистинско уживање и беше прекрасен како за уши така и за очи со прекрасната сценска кореографија која ја приредија изведувачите и организаторите.

Бојана Скендеровски, еден од носителите на овој проект и дел од екипата на продукцијата „Скендеровски“ кој всушност се и организатори на овој македонски концертен караван вели дека Прилеп е бастинот на македонската музика, а за нив тоа ќе било уште една убава вечер за паметење.
„Навистина ми е драго што повторно сме во Прилеп кој е бастион на македонската музика. Денеска не очекував ништо помалку од атмосферата која ја доживеавме, публиката секогаш вака ги пречекува македонските изведувачи со широко отворено срце и душа пеат во еден глас. Ова за нас беше уште една навистина убава вечер која ќе се памети“, вели Скендеровски.
Скендеровски додава и дека во 2023 година почнале со реализација на идејата која долги време тлеела, а за следното продолжение Скендеровски најави новокомпонирани музички нумери.
„Во 2023 година почнавме да ја реализираме идејата која што долго време тлееше во нас. Едноставно го осетивме тоа дека е желба на публиката, секој од нас од пејачите во својот репертоар си пее родољубни патриотски песни, но јас размислував дека можеби многу подобро и многу поголем би бил ефектот доколку тоа го направиме организирано во еден проект и навистина не згрешивме. Ова е второто продолжение, а јас се надевам дека следното издание на „Македонијо во срце те носиме’’ ќе биде со нови ново компонирани песни, а за тоа ќе ни треба малку повеќе време, бидејќи истите треба да се создадат, снимаат, но идејата е следниот период да создадеме нови песни“, додаава Скендеровски.
Градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ беше претесен да ги собере љубителите на македонската музика, а ги имаше навистина премногу. Публиката цело време пееше во еден глас со самите изведувачи, а посебно интересен е фактот што Зуица Лазвова и Бојана Скендеровски се симнаа од сцена и последните стихови од нивните песни „Јас сум македонка“ (Зуица Лазова) и „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски) ги отпеаја помеѓу многубројната публика на прилепскиот градски плоштад.
На продукцијата „Скендеровски“ им посакуваме успеси, а на естрадните уметници кои се дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“ им посакуваме лесна работа и уште многу убави како препеани така и нови создадени македонски песни. Среќно!
Од Прилеп за Музика24.мк: Христијан Ангелески
